Достапни линкови

Донесен ребалансот на Буџетот за 2020 година


Владата на синоќешната седница ја донела Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на Буџетот за 2020 година и детално ќе биде презентиран на прес-конференција во текот на денешниот ден, соопшти Владата.

Владата ја усвои Одлуката за максимален износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал – еврообврзници на РС Македонија. Министерството за финансии предложи, а Владата прифати, финансирање со издавање на еврообврзници, кои ќе ја поддржат ликвидноста на државата во време на пандемија, намалената економска активност, преземените мерки за заштита на економијата и работните места на граѓаните, како и зголемените трошоци во секторот здравство.

Владата донесе и изменување на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, а донесена е и Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, со која се овозможува и во наредните 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, да не надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.

XS
SM
MD
LG