Достапни линкови

ОН: Острите мерки за Ковид-19 ќе ја зголемат трговијата со луѓе


Илустрација - Мигранти во прифатен бегалски центар во Унгарија

Обединетите нации предупредија дека порестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 ќе доведат до долгорочно зголемување на трговијата со луѓе.

Во својот последен извештај, Канцеларијата на ООН за дрога и криминал (УНОДЦ) анализира потенцијални сценарија за тоа како кризата може да влијае на трговијата со луѓе и криумчарењето, кое продолжува и покрај затворањето на европските земји, пренесе АП.

Иако бројот на движења на одредени рути е намалено, затворањето на границите веројатно ќе ја зголеми побарувачката за услуги на криумчарење за да им се овозможи на луѓето да ги преминат границите, се вели во извештајот.

XS
SM
MD
LG