Достапни линкови

Вучиќ и Путин за ситуацијата во регионот


Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин Сочи, 04.12. 2019.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за односите меѓу двете држави, ситуацијата во Западен Балкан и борбата против коронавирусот. „Србија има привилегија да има искрен пријател како Русија, исто како што сум почестен од нашите лични односи на взаемно почитување и доверба“, му рекол Вучиќ на Путин се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Ковид-19 во руското и кинеското влијание на Балканот

Вучиќ го известил Путин за сите настани во регионот, од ситуацијата во Косово до, како што се наведува, „прогонството на свештенството на Српската православна црква во Црна Гора“.

XS
SM
MD
LG