Достапни линкови

ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата во Црна Гора


Од протестите во Црна Гора

Европската унија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Црна Гора и ги повикува сите страни да покажат умереност и да го почитуваат владеењето на правото, изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Писонро, наведувајќи: „ЕУ ги охрабрува црногорските власти да најдат правилен баланс помеѓу поддршката на слободата на собирање и изразување и пропорционално дејствување“. „ЕУ потсетува дека тоа е нејзината основна вредност и клучен елемент на процесот на пристапување на Црна Гора во Унијата, во таков предизвикувачки период за сите нас“, рече Писонро.

Во судири со верниците во Никшиќ повредени 22 полицајци

Полицијата и демонстрантите се судрија пред два дена во неколку црногорски градови, барајќи ослободување на владиката Јоаники и седуммина свештеници на СПЦ. Тие беа уапсени за организирање на поворка во Никшиќ во вторникот со илјадници граѓани, и покрај забраната за собири. Според црногорската полиција, во судирите се повредени 26 полицајци, а повеќе од 50 лица се уапсени.

XS
SM
MD
LG