Достапни линкови

Забранет влез во Грција до 15 јуни


Илустрација, Акропол во Атина

Грчката влада ја продолжи до 15 јуни мерката „за забрана за влез за државјани на трети земји, освен на држави од Европската унија и Шенген зоната“, а заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, здравство и внатрешни работи, веќе е објавена во Службен весник, јави МИА од Атина.

До утре во 15 часот во сила е одлуката на министрите за здравство, за инфраструктура и транспорт и за поморство на Грција, за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија; привремено ограничување на сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија, а забранет е и влез во Грција за албански државјани и привремено прекинување на морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.

Во однос на тоа дали оваа мерка на грчката влада ќе биде продолжена, но и како ќе се одвива копнениот туризам во Грција и дали можеби ќе се бара посетителите пред патувањето да треба да имаат направено тест, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас рече дека се ќе биде вклучено во владиниот план за туризмот што ќе се презентира во следните денови.

XS
SM
MD
LG