Достапни линкови

Бомбашки напад на талибанците во Авганистан


Авганистанските безбедносни сили на местото каде екслодирала подметнатата бомба

Бомба поставена во камион експлодираше во близина на судот во источниот авганистански град Гардез, при што загинаа најмалку пет лица. За нападот одговорноста ја презедоа Талибанците, пренесе АП.

Портпаролот на Талибанците Забихулах Муџахид потврди дека Талибанците се одговорни за нападот.

Емал Кан Моманд, портпарол на авганистанската војска во провинцијата Пактија, каде се наоѓа Гардез, рече дека станува збор за напад со камион-бомба. Тој прецизираше дека во нападот се повредени и 14 лица.

„Експлозијата на бомбата се случи во близина на воениот суд во населената област Гардез. Се стравува дека десетици цивили се повредени и мртви“, рече Тарик Аријан, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG