Достапни линкови

Филипче оди во Грција, почнуваат регионални средби за Ковид-19


Венко Филипче

Со средбата на министерот за здравство Венко Филипче со неговиот грчки колега, од денеска почнуваат регионалните состаноци на владите и институциите на Балканот за да се договори координиран пристап во однос на здравствените протоколи, транзитот и патувањата во текот на летото, особено откако дел од соседните земји веќе најавија отворање на границите.

Филипче денеска информираше дека на средбата во Грција ќе разговараат за досегашното менаџирање на кризата, како и за подготовка на здравствениот систем за следниот период кога се очекуваат нови пикови, за отворање на границите и аеродромите, бидејќи со тоа ќе се отвори транзитниот коридор север-југ кој е многу оптоварен во лето.

Овие средби се иницирани откако Европската комисија вчера излезе со пакет мерки кои упатуваат на ваков координиран пристап во однос на намалување на рестриктивните мерки во рамки на ЕУ.

XS
SM
MD
LG