Достапни линкови

Излекувани шест и новозаразени 29 лица


Илустрација - Клиника за инфективни болести во Скопје

Во изминатите 24 часа направени се 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на заразени со коронавирус - Девет се во Скопје, шест во Прилеп, пет во Тетово, по двајца во Струга, Велес, Битола и Охрид и еден дијагностициран во Куманово. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал шест оздравени пациенти – тројца во Велес и по еден во Штип, Гостивар и Кочани.

Со новите 29 потврдени случаи, вкупниот број дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 1723, оздравени пациенти се 1235, а бројот на починати е 95. Активни случаи во моментов има 393.

XS
SM
MD
LG