Достапни линкови

42 прекршители на полицискиот час, 37 приведени


Илустрација - Полициски час во Скопје

Во изминатото деноноќие, на ниво на целата држава, 42 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР. Евидентирани се и 25 прекршители на мерката за задолжително носење заштитни маски.

За последните 24 часа, во целата држава, на 50 лица им се издадени решенија за изолација, 19 лица потпишале изјави за самоизолација, а при полициски контроли кај лице кои се веќе во изолација или самоизолација не биле констатирани прекршувања, информира МВР.

XS
SM
MD
LG