Достапни линкови

ДИК со мислење за изборните рокови


Пендаровски со членовите на ДИК

Државната изборна комисија денеска до Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски треба да го достави своето мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес. Пендаровски вчера имаше средба со членовите на ДИК, со што и започна собирањето на договорените дополнителни информации што треба на лидерите на политичките партии да им помогнат за одредување нов датум за парламентарни избори. Тој ги запознал членовите на ДИК со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Комисијата да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес.

Договор за избори нема, нова лидерска следната недела

Лидерите на политичките партии на средбата кај Пендаровски во вторникот се договорија да се побара мислење од Комисијата за заразни болести во однос на мерките и протоколите кои треба да се почитуваат при одржување на изборни процеси во време на пандемијата на КОВИД-19, ДИК да достави мислење за временските рокови кои и се потребни за завршување на подготовките за спроведување на изборниот процес, како и мислење од Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за временската рамка во која може да испратат набљудувачка мисија за

XS
SM
MD
LG