Достапни линкови

Ангеловска - Со првите бескаматни кредити поддржани 738 фирми


Министерката за финансии Нина Ангеловска.

Првата линија на бескаматни кредити за фирмите е целосно реализирана, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на официјалниот Фејсбук профил. Со првата линија на кредити без камата поддржани се 738 микро, мали и средни компании, кои вработуваат 6.524 вработени, наведува министерката.

Додава дека просечен износ на даден кредит е 7.500 евра, додека вкупниот износ на доделени кредити преку оваа линија е 5,54 милиони евра.

Ангеловска: Нов сет мерки за поттик на приватна потрошувачка

Таа потсетува дека на фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити во вредност од 8 милиони евра преку Развојна банка. Рокот на аплицирање за втората линија истекува утре.

XS
SM
MD
LG