Достапни линкови

Портпаролот на Кремљ позитивен на коронавирус


„Да, се разболев. Се лекувам”, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, е тестиран за коронавирус и резултатот е позитивен, објавија руските медиуми, пренесе АП.
Информацијата ја потврди и Песков.

„Да, се разболев. Се лекувам”, изјави Песков.

На крајот на минатиот месец беше објавено дека позитивен тест на коронавирусот имал и рускиот премиер Михаил Мишустин.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека земјата постепено ги ублажува мерките за ограничувања воведени поради пандемијата на коронавирус, и покрај тоа што во земјата има над 200 илјади заболени и тој број секојдневно расте.

XS
SM
MD
LG