Достапни линкови

Уставен нема да поведе постапка ни за втората вонредна состојба


Архивска фотографија од седница на Уставниот суд

На денешната седница Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на втората одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба, која што сè уште е активна и таа продолжува да важи до истекот на нејзините 30 дена, односно на 16 мај.

На следната седница на Уставениот суд, закажана за задутре, уставните судии ќе расправаат за полицискиот час, кој е оспорен поради дискриминација на граѓаните и други основи.

Уставниот суд минатата недела го разгледуваше предлогот за проверка на уставноста на одлуката за распуштањето на Собранието, по што одлучи да не ги врати пратениците назад на работа.

XS
SM
MD
LG