Достапни линкови

Од денеска џамиите отворени за молитва


Молитва во Мустафа паша џамија во Скопје во време на коронавирус пандемија, 12 мај 2020 година

ИВЗ од денеска ги отвори џамиите за верниците, и покрај досегашните апели на надлежните за преиспитување на оваа одлука, поради пандемијата на коронавирусот. Отворањето беше најавено минатата недела кога ИВЗ на вонреден состанок донесе таква одлука, како што рекоа, „врз основа на фактот што во земјава се намалил бројот на заразени“ и најавија дека при посетата на џамиите ќе се почитуваат мерките за физичка дистанца, молитвите ќе се вршат на одредени места, ќе се носат маски, а верниците ќе можат да се молат и во дворот на џамиите.

Денеска на молитва пред некои од скопските џамии имаше по десетина верници, дел со, а дел без заштитни маски.

Одлуката беше донесена и покрај апелите на надлежните за нејзино преиспитување поради пандемијата на корона вирусот. Вицепремиерот Бујар Османи вчера порача до верниците да не одат во џамија додека целосно не се смири состојбата со пандемијата, а министерот за здравство, Венко Филипче, ја потсети ИВЗ дека забраната за собирање граѓани е се уште во сила и дека секое прекршување на ова правило ризикува враќање на пандемијата.

XS
SM
MD
LG