Достапни линкови

УЈП: Готови се даночните пријави, граѓаните да ги проверат


Управа за јавни приходи

УЈП соопшти дека се подготвени годишните даночни пријави за 2019 година и веќе доставени до граѓаните и поради тоа од Управаат апелираат граѓаните кои се регистрирани корисници на системот „е-Персонален данок“ да извршат увид во годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили.

„Граѓаните може да ја потврдат или да ја коригираат годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31.5.2020 година. По истекот на законскиот рок на 1.6.2020 година, годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, во согласност со последниот статус на годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние годишни даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани“, соопшти УЈП.

Од Управата објаснуваат дека годишната даночна пријава за 2019 година што граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на УЈП. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следува донесување Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.

XS
SM
MD
LG