Достапни линкови

Регистрирани 1664 лица со коронавирус, 96 се „увезени случаи“


Илустрација - Клиника за инфективни болести во Скопје

Заклучно со 10 мај годинава во земјава се регистрирани вкупно 1.664 случаи со Ковид-19, од кои 96 случаи (5,8%) се „увезени случаи“, а вкупно 977 лица (59,9%) имале контакт со веќе потврден случај во земјава, покажуваат официјалните податоци од Институтот за јавно здравје. Кај 552 или 33,2% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето, а 405 од нив, односно 73,4 отвсто имале контакт со веќе потврден случај во земјава.

Од пријавените случаи, 23,8% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,9%), кашлица (54,9%), малаксаност (37,2%), треска (19,9%), главоболка (15,3%), болка во грло (14,9%) и отежнато дишење (14,7%). Во однос на коморбидитети, кај 499 (30,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 342 лица имаат кардиоваскуларна болест, 109 дијабет, 90 лица се со хронична белодробна болест, 21 со хронична бубрежна болест и 72 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 207 (52,3%) имало присутни коморбидитети, стои во последната детална анализата на Институтот за јавно здравје.

До 10 мај во земјава се регистрирани 91 смртен случај, најголем дел се на возраст над 60 години, каде е регистриран и највисок специфичен морталитет. Од починатите, 61 се машки, а 30 женски лица.

XS
SM
MD
LG