Достапни линкови

Лидерска средба кај претседателот Пендаровски


Лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, архивска снимка

Во „Вила Водно“ денеска од 13 часот ќе се одржи лидерска средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, соопшти Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. На средбата се поканети претседателите на: СДСМ – Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ДУИ – Али Ахмети, Алијанса за Албанците – Зиадин Села, Алтернатива – Африм Гаши, Движење Беса – Билал Касами и на ДПА – Мендух Тачи.

Мицкоски: Да ги слушнеме ставовите на лидерската, па ќе коментираме за избори

На лидерската средба се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски. Kако што претходно најавија од кабинетот на Пендаровски, на лидерската средба ќе се разговара за актуелната состојба со коронавирусот и за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, односно за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG