Достапни линкови

Османи - Ги охрабрувам верниците да не одат во џамија додека состојбата не се подобри


Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот и главен координатор на кризните штабови за спречување на ширењето на коронавирусот, во пресрет на најавеното отворање на џамиите од утре, ги охрабрува верниците да не одат во џамија сè додека не се стабилизира состојбата со вирусот КОВИД -19.

„Немаме начин да ги затвориме џамиите. Не постои уставна и законска можност државата да затвори објекти. Тука е прашање на соработка, на договор помеѓу институциите. Јас ќе ги охрабрам луѓето да не одат, додека не сме сигурни дека состојбата е толку подобрена да може да влезе во таа втора фаза“, рече Османи, при гостувањето во емисијата „Отворено студио“ на ТВ 24.

Тој истакна дека одлуката за отворање на верските храмови требало да се донесе координирано, а не поединечно. Не се координирале ниту за настанот со литијата во Струга, ниту за отворањето на џамиите.

Тој порача да не се настапува ривалски, затоа што од тоа ќе изгубат сите.

XS
SM
MD
LG