Достапни линкови

Лидерска средба кај претседателот Пендаровски утре од 13 часот


Архивска фотографија: Лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски на 20 октомври 2019 година

Во „Вила Водно“ утре од 13 часот ќе се одржи лидерска средба на која се поканети претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните парламентарни избори освоија пратенички мандати со самостојни листи, соопшти Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

На средбата се поканети претседателите на: СДСМ – Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, ДУИ – Али Ахмети, Алијанса за Албанците – Зиадин Села, Алтернатива – Африм Гаши, Движење Беса – Билал Касами и на ДПА – Мендух Тачи.

На лидерската средба се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

XS
SM
MD
LG