Достапни линкови

УПОЗ не прифаќа кратење на платите во администрацијата


Илустрација - Вработени во државна администрација

Предлогот е неоснован, неприфатлив и неполезен. Тоа ќе биде потег без ефект, а кратењето на платите на администрацијата нема да направи значителна заштеда во Буџетот на државата, туку ќе биде одмазда и задоволување на барањата на дел од бизнис заедницата, реагираше денеска Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) на ставот на министерката за финансии Нина Ангеловска за кратење на платите во јавната администрација.

Министерката Ангеловска минатата недела изјави дека „сите треба да сносиме дел од товарот и затоа мисли дека треба да има намалување на платата во јавната администрација“.

За УПОЗ ваквата изјава на министерката е, како што велат, „неодмерена и покажува основно непознавање за тоа што е јавна администрација“.

„Чистата нето плата на вработените во администрацијата во групата Г (референти) која е најбројна во администрацијата е следната: 14.518,00 денари за помлад референт, 14.888,00 денари за референт, 15.681,00 денари за виш референт и 16.474,00 денари за самостоен референт. Затоа прашуваме, од што, од кого и колку ќе крати министерката. Со евентуалното кратење на платите на вработените, сметаат од Синдикатот, ќе се намали куповната моќ на вработените и ќе бидат погодени најранливите категории од вработени, особено самохраните родители, родителите на деца со посебни потреби, вработените кои живеат под кирија и оние кои се единствени вработени во семејствата“, се наведува во соопштението од УПОЗ.

XS
SM
MD
LG