Достапни линкови

Се шири меил од лажно „Министерството за здравство“


Принтскрин од лажниот имеил за кој предупредува министерот Венко Филипче

Министерот за здравство соопшти дека меѓу граѓаните се шири имејл со невистинита содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.

Министерот објави дека за случајот е известен Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи и дека тој веќе постапува за овој случај. Филипче апелира до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.

„Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, објави министерот Филипче.

Пред 10-ина дена МВР апелираше до граѓаните да внимаваат и со лажниот меил кој се испраќа со злоупотреба на името на Државната секретарка во МВР.

XS
SM
MD
LG