Достапни линкови

64 излекувани и 22 новозаразени со коронавирус


Илустрација - Лабораторијата за Ковид-19 тестирање во МАНУ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 64 оздравени пациенти во: Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1.

„Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373“, зоопшти МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.

XS
SM
MD
LG