Достапни линкови

Денеска ново рочиште за „27 април“


Архивска фотографија - Едно од рочиштата за „27 април“

Денеска продолжува судењето за упадот и насилствата во Собранието од 2017 година, познат како „27 април“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат Михаил Младеновски и Сашко Коцевски.

Во случајот, обвинети за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, поранешните министри од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Обвинителка во случајот е Вилма Русковска.

XS
SM
MD
LG