Достапни линкови

Деветмина загинати во пожар во руски старечки дом


Десетина лица итно биле однесени во болница веднаш по пристигнувањето на спасувачките екипи во Красногорск

Во старечки дом во местото Красногорск, во близина на Москва, ноќеска избувнал пожар во кој загинале 9 лица, а причината била неисправни инсталации, соопшти Истражниот комитет на Одделот за истраги на московскиот регион.

Покрената е истрага за пожарот во домот, лоциран во приватна куќа, за да се испита дали биле исполнети сите безбедносни услови.

Руските информативни агенции објавија дека десетина лица биле пренесени во болница, а во старешкиот сом имало вкупно 37 лица, пренесе АФП.

XS
SM
MD
LG