Достапни линкови

Русија огорчена што САД ја изземаа од победничките во Втората светска војна


Москва

Министерството за надворешни работи на Русија изрази „екстремна огорченост“ за американската изјава на 8 мај со која на САД и Британија им се припишува победата над нацистичка Германија во 1945 година.

„Во пресрет на светиот празник, американските официјални претставници немаа храброст и желба барем да ги наведат неизбришлива улога и колосалните загуби што Црвената армија и Советскиот народ ги даде во името на целото човештво“, се вели во руската изјава.

На Инстаграм, Белата куќа објави видео: „На 8 мај 1945 година Америка и Британија ги победија нацистите! 'Духот на Америка секогаш ќе победи. На крајот, тоа е она што се случува."

Поради коронавирусот скромни прослави за 9-ти мај

На барањето коментар, американската амбасада во Москва соопшти: „Ние би сакале да ве упатиме на многу најнови изјави што ги потенцираат нашите заеднички напори и жртви“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин издадоа заедничка изјава во април на 75-годишнината од состанокот на американските и советските војници на реката Елба во Германија.

XS
SM
MD
LG