Достапни линкови

Ролан Гарос наесен, без публика


Архивска фотографија- Ролан Гарос 2018 година

Претседателот на француската тениска федерација рече дека одложениот турнир Франција опен би можел да се одржи во септември или октомври без публика. Франција опен познат и како Ролан Гарос првично беше предвидено да се одржи кон крајот на мај но беше одложен поради пандемијата од коронавирусоти закажан за во септември.

Бернард Гудичели за француските медиуми денеска изјави дека организирањето на турнирот без публика ќе овозможи дел од економијата да живне како откупувањето на телевизиските права и рекламите. Сепак тој нагласи дека не отфрлуваат ниту една можност. Професионалниот тенис е суспендиран во светот од 13 јули и Вимблдон е веќе откажан.

XS
SM
MD
LG