Достапни линкови

Димитров: отворање на границите зависи од тоа што ќе се случува со епидемијата


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Одлуката за отворање на границите зависи пред се од два фактори – прво што се случува дома, завчера имавме нови 33 заразени, вчера имаше пад. Значи многу ќе зависи што ќе се случува дома и тоа ќе влијае врз нашата одлука за отворање на границите. Второ во моментот кога ќе се отворат границите влегуваме во фаза во која сите мерки досега се затвораат, влегуваме во нова фаза, бидејќи имаме константен прилив, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој на настанот пред платото на Градската општа болница „8 Септември“ по повод Денот на Европа, информира дека пред два дена имал телефонски разговор со грчкиот МНР Никос Дендиас главно фокусиран на планови, предвидувања, регионална соработка околу отворање на границите и олеснување на мерките и додаде дека планира идната седмица да направи серија телефонски разговори и со другите колеги од регионот.

„Може и сите заедно да се собереме на една конференција, бидејќи тој чекор – отворање на границите мора да биде координиран за да има смсила. Моето чувство е дека сите планираат, но имаат извесна колебливост околу точниот период, кога е точниот датум“, рече Димитров.

Одговарајќи на прашање за задолжителни тестови при влез во државата, Димитров посочи дека за тоа ќе треба да се разговара и оти мора да имаме единствен систем на комуникација и движење.

„Ако една земја бара тестови, а друга земја не, ланецот се прекинува, така што апсолутно мора да се координираме и да разговараме меѓу другото и за тоа“, додаде Димитров.

XS
SM
MD
LG