Достапни линкови

Денот на победата без парада под Труимфалната порта


Францускиот претседател Емануел Макрон на

Одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот во Париз се одржа без публика, само во присуство на главните политички и воени лидери, поради кризата со коронавирусот.

За првпат традиционалната церемонија под „Триумфалната порта“ се одвиваше без традиционалното искачување на Елисејските полиња и смотра на воените трупи. Покрај францускиот претседател Емануел Макрон, беа присутни и неговите претходници Никола Саркози и Франсоа Оланд, претседателите на двата собранија Жерард Лархер и Ричард Феран, премиерот Едуард Филип, министерот за војските Флоранс Парли и државниот секретар Женевиев Дариосиек , како и градоначалничката на Париз, Ан Хидалго.

XS
SM
MD
LG