Достапни линкови

Јанева: Врховен ги ослободи од притвор сите од „Империја“


Обвинителката Вилма Русковска во Суд за случајот „Рекет“

Катица Јанева, како обвинета, во продолжението на денешното рочиште за „Рекет“ рече дека никогаш како специјална јавна обвнителка не му понудила на Орце Камчев олеснување на положбата во било кој предмет што го водел СЈО и дека кога барале и построги и полабави мерки за осомничените во „Империја“, Орце Камчев и останатите, Основниот и Апелациониот суд ги носеле конечните одлуки, а не СЈО. Таа покажа и испечатени судски одлуки.

„Оваа постапка е монтирана, не само против мене, туку и против целото СЈО. Одговорно тврдам дека никогаш не сум понудила на Камчев олеснување на положбата во било кој предмет на СЈО. Одговорно тврдам дека никогаш не сум влијаела врз судии од Кривичниот суд или Апелациониот суд ниту сум ги “тресела од гаќи”, изјави Јанева и дополни дека обвинението се темели на исказ на некој човек против кого има 14 предмети во СЈО и замрзнат имот од 93 милиони евра.

Во продолжение на рочиштето, Јанева пред Судот тврдеше дека дала негативно мислење за четири гаранции за пуштање од притвор на осомничени во „Империја“, во јануари, февруари и март, Јанева тврди дека дала негативно мислење.

„Врховниот суд ги ослободи и од куќен притвор сите од ‘Империја’. И до ден денешен никој не одговара за тоа. 18 од 19 судии гласаа дека ние повеќе не сме надлежни за нашите истраги. Зошто Обвинителството за организиран криминал влезе во мојата канцеларија? Да ги види компјутерите? Ама, ништо не извади од нив. Можеше барем да се заинтересира за ‘Империја’, да види дека не сум го привилегирала Камчев. Сите наредби за вештачење ги повлече. И што правиме сега? Нема докази”, рече Јанева, обраќајќи ѝ се на обвинителката Вилма Русковска.

XS
SM
MD
LG