Достапни линкови

Оставка на хрватскиот министер за одбрана


Дамир Крстичевиќ

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ синоќа поднесе оставка, откако воен авион попладнето се урна во близина на Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство.

„Поднесувам оставка на местото вицепремиер и министер за одбрана“, рече Крстичевиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека ќе почне истрага за несреќата.

Хрватското Министерство за одбрана претходно ја потврди несреќата и соопшти дека станувало збор за редовен лет за обука.

XS
SM
MD
LG