Достапни линкови

Џафери: ДИК не може да условува со роковите за избори


Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа информира дека добил покана за учество на лидерската средба закажана за 12 мај од кабинетот на претседателот на државата и оти по завршувањето на вонредната состојба, ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите.

„Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател на Собранието, а во случајов и според уредбата е должна да постапи по роковите каде што застанала. Евентуално во однос на она што Избирачкиот список бил ажуриран до 12 април, државните органи посебно МВР кај што е матичната служба имат периодична обврска на три месеци да достават извештај за ажурирање на списокот“, рече Џафери за ТВ Телма

Тој појасни дека нема обврска да одговори на иницијативата поднесена од 35 пратеници за повторно свикување на Собранието кое е распуштено за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19 од страна на претседателот Стево Пендаровски.

XS
SM
MD
LG