Достапни линкови

ЕИБ ќе додели 1,7 милијарда евра за Западен Балкан


илустрација

Групата на Европската инвестициска банка ќе го поддржи социјалното и економското закрепнување на Западен Балкан од пандемијата на Ковид-19 со 1,7 милијарди евра. Тоа, како што наведуваат во соопштение, е дел од пакетот со финансиска поддршка за регионот вреден 3,3 милијарди евра што беше објавен на 29 април од Европската комисија, а ги следи напорите на „Тимот Европа“ за поддршка на Западен Балкан.

Директни корисници на пакетот со поддршка од ЕУ ќе бидат националните здравствени сектори и малите и средните претпријатија што, исто така, има цел зајакнување на националните банкарски сектори и обезбедување техничка поддршка за реализирање развојни проекти и стимулирање на многу потребните инвестиции.

„Заради ублажување на здравствените, социјалните и на економските последици од пандемијата, ЕИБ ќе обезбеди нови финансиски средства и ќе ги забрза потпишувањето и распределбата на одобрените кредити за клиентите од приватниот и од јавниот сектор од Западен Балкан, при што околу 600 милиони евра се наменети за приватниот сектор,“ наведуваат во соопштението.

XS
SM
MD
LG