Достапни линкови

На Комисијата за заразни болести не се разговарало за изборите


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека на Комисијата за заразни болести не се разговара за изборите и за изборниот процес и апелираше да не се политизира нејзината работа. Тој на новинарско прашање, дали се разгледува можноста за избори на кои инсистираат политичките чинители во државата, одговори дека заклучно со денешниот состанок на Комисијата, не станало збор на оваа тема.

„Приоритет е заштитата на здравјето во смисла на димензионирање на мерките исклучиво согласно бројот на новодијагностицирани, нивната поврзаност, кластерите... Каква било мерка или препорака ќе биде донесена исклучиво врз основа на сознанијата и податоците за новодијагностицирани пациенти. На Комисијата за заразни болести не сме разговарале за избори“, рече Филипче.

XS
SM
MD
LG