Достапни линкови

Одбележан Денот на македонската полиција


Одбележувањето на 7 мај - Денот на македонската полиција почна со положување цвеќе на спомен-обележјето на загинатите припадници на МВР.

Во кругот на МВР во Скопје и во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, денеска беше одбележан „7-ми Мај - Денот на македонската полиција“. Одбележувањето почна со оддавање почит на спомен обележјата на загинатите бранители со положување свежо цвеќе во кругот на МВР.

Одбележувањето продолжи во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде беа изведени показни полициски вежби и беа доделени плакети за посебен придонес и заложба во работењето во МВР и плакети за благодарност до претставниците на Дипломатскиот кор.

XS
SM
MD
LG