Достапни линкови

Димитров: Ќе бевме посреќни да се спомнеше проширување


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров

Ние ќе бевме уште посреќни да се споменеше проширувањето или комплетирањето на Европската унија. Сепак на крајот, Советот донесе одлука да ги започне пристапните преговори, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, по вчерашниот онлајн Самит ЕУ - Западен Балкан.

Тој во интервју за бриселски „Политико“ вели дека лидерите на Западниот Балкан и на Европската Унија на вчерашниот Самит потенцирале дека регионот останува „апсолутен приоритет” за ЕУ и го поздравија усвојувањето на новата преговарачка методологија, како и одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави МИА од Брисел.

На вчерашната видео-конференција лидерите на земјите - членки на ЕУ разговараа за соработката во борбата против коронавирусот и социоекономските последици од пандемијата. Пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија не беа стрикно во агендата на видео-самитот.

XS
SM
MD
LG