Достапни линкови

Грција планира на 1 јули да ги отвори границите за туристи


Грција најави дека планира да ги отвори границите за туристи од 1 јули, а министерството за наутика и островска политика објави план за работа на бродовите во земјата според кој пловните објекти во кои нема кабини, ќе може да пополнат до 50 отсто од капацитетот.

Бродските кабини природно ќе се проветруваат, а вратата ќе треба да биде отворена по чистење и дезинфекција најмалку три часа пред да влезе следниот патник. Кога станува збор за авионскиот превоз во Грција, седиштата ќе бидат обележани со посебни ознаки каде може и каде не може да се седи за да се одржи потребното растојание.

XS
SM
MD
LG