Достапни линкови

Годинава почнуваат преговорите со ЕУ, убедува Шекеринска


Радмила Шекеринска

Очекуваме уште во текот на оваа година целосно да започнат преговорите за членство на земјава во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање - Зошто на Самитот ЕУ и Западен Балкан, фокусот беше ставен на пандемијата, а не на проширувањето.

„Пред пет години или пред 10 години ќе ни беше битен Самит на којшто ќе се спомне зборот „проширување“. Сега зборот „проширување“ и зборот „пристапни преговори“ веќе се дел од заклучоците на ЕУ. Имаше луѓе кои тврдеа, особено од опозицијата, дека оваа година нема шанси Северна Македонија да ги почне преговорите, меѓутоа ЕУ покажа дека во најтешките моменти, кога епидемијата стана проблем број еден во светот, успеаја да постигнат целосен консензус и да донесат одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија“, рече министерката.

Според неа, нормално е дека загребскиот самит целосно ќе биде во функција и во сенка на епидемијата.

XS
SM
MD
LG