Достапни линкови

Рускиот милијардер Босов пронајден мртов


Архивска фотографија - Дмитриј Босов, март 2017 година.

Рускиот милијардер Дмитриј Босов бил пронајден мртов во неговиот дом во московско предградие. Официјалните лица велат дека се работи за самоубиство. Истражниот комитет синоќа објавил дека Босов (52) починал претходната вечер од прострелна рана во главата. Покрај телото, наводно, бил пронајден пиштол.

Новинската агенција РБК ги цитираше познаниците на Босов, кои велат дека неговите бизниси не оделе добро кога започнал да „го распределува имотот“ и да отпушта вработени.

Босов беше главен акционер и претседател на управниот одбор на групата „Алетек“, кој ги контролира производителите на јаглен Сибирски Антрацит, Восток Угол и други фирми. Според списокот на милијардерите на Форбс, Босов бил 86-то најбогат Русин, со богатство проценето на 1,1 милијарди американски долари.

XS
SM
MD
LG