Достапни линкови

Кинески тестови за коронавирус препакувани како холандски завршиле и во земјава


Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, туку е кинески и е препакуван во Холандија и нуден како европски, а дополнително тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично „ѓубре”, открива ИРЛ – Истражувачката репортерска лабораторија Македонија.

ИРЛ открива дека 50 илјади тестови на Биозек биле увезени во Македонија, според царинските записи.

„Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија и нуден како европски. Oткриваме најмалку три брендови кои продавале тестови направени од кинески производител со европски и американски етикети. Тестовите се продадени на властите, здравствените институции и клиниките во земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Индонезија и Русија. Да се купат и да се овозможат тестови како ова е легално. Меѓутоа, залажување на граѓаните за нивното вистинско потекло и за перформансите на тестот, сепак не е“, објави ИРЛ во истражувањето.

XS
SM
MD
LG