Достапни линкови

Москва ги отвора фабриките и покрај тоа што бројот на заболени од коронавирус расте


Индустриските капацитети и градежните компании во Москва ќе продолжат со работа на 12 мај, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин, додека бројот на заболени од коорнавирус во Русија во изминатите 24 часа се зголемил за 10 илјади луѓе. За време на денешниот состанок со владата и со претседателот Владимир Путин, Собјанин рече дека се уште е рано за повторно отворање на сервисните дејности во Москва. Бројот на официјално регистрирани случаи во градот се намалува во изминатите неколку дена.

Министерот за економија Максим Решетников рече дека економската активност е намалена за една третина по воведувањето на рестриктивните мерки за заштита од вирусот кон крајот на март.

Четврти ден по ред бројот на заболени во Русија се зголемува за над 10 илјади луѓе и достигна 166 илјади, а над 1500 луѓе досега починаа од коронавирусот.

Путин на состанокот нареди регионалните гувернери да подготват планови за постапно намалување на ограничувањата по 11 мај.

Русија воведе делумни ограничувања во многу региони во обид да спречи ширење на вирусот. Путин првично објави неработна недела од 28 март до 5 април, па ја продолжи до крајот на април, па повторно до 11 мај.

XS
SM
MD
LG