Достапни линкови

Само во април над 14 илјади луѓе во Словенија останаа без работа


Човек со маска во Љубљана

Заводот за вработување на Словенија објави дека само во април 14 илјади луѓе остана без работа, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Како причина за ваквите поразителни резултати се наведува епидемијата на коронавирусот и големиот пад во производството и вкупниот промет во државата.

Според податоците на заводот, во април како баратели на работа биле пријавени 88.648 лица, што е за 10.793 или 13.9 отсто повеќе во споредба со март.

На дел од отпуштените не им бил продолжен договорот за работа, дел биле прогласени за технолошки вишок, а останатите добија откази.

Според информациите на заводот и во услови на медицинска криза сè уште на пазарот на труд највеќе се бараат заварувачи, ѕидари и возачи.

XS
SM
MD
LG