Достапни линкови

Почна видео-самитот ЕУ – Западен Балкан


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на видео-линк на Самитот ЕУ - Западен Балкан

Самитот ЕУ – Западен Балкан за борбата против коронавирусот и европската перспектива на регионот почна преку видео-врска. Освен лидерите на 27-те земји-членки на Унијата, на Самитот присуствуваат и лидерите на шесте партнери од Западниот Балкан. Учеството го потврдија македонскиот премиер Оливер Спасовски, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ и претседателите на Србија, Црна Гора и Косово, Александар Вучиќ, Мило Ѓукановиќ и Хашим Тачи.

Организатор на Самитот е Хрватска, која е актуелен претседавач со ЕУ.

Европската унија ја претставуваат претседателите на Европскиот совет и на Европската комијата, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, шефот на евроспката дипломатија Жозеп Борел и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.

На Самитот учествуваат и претставници на Европската банка за обнова и развој, Светската банка, Европската инвестициона банка и Советот за регионална соработка.

Според најавите, на Самитот треба да биде потврдена европската перспектива на регионот.

Лидерите ќе разговараат и за соработката во борбата против коронавирусот и социоекономските последици од пандемијата.

Видео-конференцијата се одржува наместо состанокот кој беше предвиден за 6 и 7 мај во Загреб, но беше откажан поради пандемијата.

XS
SM
MD
LG