Достапни линкови

Над 19.000 фирми побарале помош-плата од 14.500 денари


Министерот за економија, Крешник Бектеши

Повеќе од 19.000 компании досега поднесоа барања до Управата за јавни приходи за мерката за исплата на финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен, информира денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Во изминатите два месеца како резултат на негативните последици кои ги предизвика коронавирусот КОВИД-19 врз економијата, Владата донесе низа мерки за поддршка на најпогодените компании, но и за најзагрозените граѓани. Дека мерките се фокусирани да ги дадат најдобрите резултати врз економијата покажува и големиот интерес на компаниите и граѓаните за нивното користење. Радува што заклучно со денеска над 19.000 компании поднеле барања за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај во износ до 14.500 денари месечно по вработен“, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Аплицирањето за оваа мерка почна на 1 мај, а крајниот рок истекува утре на полноќ.

XS
SM
MD
LG