Достапни линкови

Брнабиќ: Исполнети условите за укинување на вонредната состојба


Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на седницата на српскиот парламент рече дека се создадени сите услови за да се стави крај на вонредната состојба воведена поради пандемијата на коронавирус. Таа кажа дека вонредната состојба не треба да трае ни ден подолго од потребното.

Брнабиќ рече дека се исполнети препораките на Светската здравствена организација (СЗО) за постепено ублажување на мерките, што е најважен основ за укинување на вонредната состојба.

XS
SM
MD
LG