Достапни линкови

Уставниот суд ќе решава дали ќе постапува за одлуката за распуштање на Собранието


Уставен суд на седница

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати во интервју за МИА најави дека денеска, по завршувањето на седницата, на работен состанок ќе се расправа по предлогот на судијата Осман Кадриу за поведување постапка по службена должност за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието. Мурати вели дека досега нема оформен предмет за оценување нејзина уставност и законитост, но понатамошното постапување на Судот по ова прашање ќе зависи од ставот што ќе го заземат уставните судии на денешниот работен состанок.

Од седете дома, до ајде на избори

Судот, претходно на седницата одржана на 8 и 15 април 2020 година, со мнозинство гласови одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оваа одлука. Ако судиите решат да се поведе постапка по службена должност, ќе биде оформен посебен предмет кој ќе биде доделен во работа на судија-известител и државен советник, кои по завршувањето на претходната постапка, треба да достават работен материјал за седница со содржан предлог за одлучување што ќе биде разгледан на седница на Судот. Владата на вчерашната седница пак оформи мислење во кое се наведува дека Уставниот суд како неоснована да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес

XS
SM
MD
LG