Достапни линкови

Ковид-19 во светот - Над 3,6 милиони заразени, САД најпогодени


Во светот до сега со коронавирус се заразени 3.656.867 лица, 252.442 починаа, а 1.200.600 оздравеле, покажуваат најновите статистички податоци на СЗО. Во моментов активни случаи на ковид-19 во светот има 2.193.825, од кои 98 отсто се со лесни симптоми, а 2 отсто се во тешка состојба.

Најмногу случаи и натаму има во САД – 1.212.955 заболени и 69.925 починати лица. Шпанија е втора со 248.301 заболени и 25.428 починати лица. Шпанија успеа да го намали бројот на заразени во еден ден за околу 35 проценти, Италија, која од вчера го укина целосниот карантин, има 211.938 заразени и 29.079 починати лица.

XS
SM
MD
LG