Достапни линкови

Кога администрацијата ќе се врати на работа ќе се знае идната недела


министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека до крајот на неделава Комисијата за заразни болести ќе одлучи како да се имплементираат мерките, а од следната недела тие ќе почнат постепено да се имплементираат.

Граѓани се за олеснување на мерките, но не и за избори веднаш

“Мерката носење заштитна маска, доколку се почитува, може да дозволи постепено враќање и организација на работните единици, компании и администрацијата во функција. Треба да најдеме и соодветно решение за градинките. Оваа недела подготвуваме сѐ во рамки на активностите на Комисијата за заразни болести и веројатно од следната недела постепено ќе се имплементираат овие мерки и тоа дел по дел така како што ќе одредат експертите”, изјави министерот Филипче.

XS
SM
MD
LG