Достапни линкови

Иран - Нелегитимни се напорите на САД за продолжување на ембаргото


Состанок на Советот за безбедност на ОН

Иранските власти велат дека се нелегитимни напорите на САД да го продолжат ембаргото врз Иран за оружје. Официјален Техеран вели дека ќе реагираат на ваквите најави со соодветни мерки.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 29 април рече дека ќе ги искористи сите расположиви средства за да ја продолжи забраната за продажба на оружје во Иран откако ќе истече ембаргото на ОН во октомври.

За портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абас Мусави, овој потег на САД е нелегитимен, а одговорот на Иран кон тоа ќе биде сразмерен.

„Соединетите Држави повеќе не се дел од нуклеарниот договор. Цврста ќе биде реакцијата на Иран за нелегалните мерки на“, рече Мусави.

Членките на Советот за безбедност на ОН, Кина и Русија, кои се подготвени да добијат нови големи договори за оружје со Иран, сигурно ќе се спротивстават на продолжувањето на ембаргото.

XS
SM
MD
LG