Достапни линкови

3.900 лица досега побарале надоместок поради изгубена работа


Мила Царовска

Според последните податоци од Агенцијата за вработување околу 3.900 лица досега побарале користење на надоместокот поради изгубена работа, од кои на 1.900 веќе им е одобрен, а за останатите 1.900 разгледувањата на барањата се во тек. Околу 1.000 лица досега поднеле барања за користење на гарантиран минимален приход и над 100 барања се веќе одобрени.

„Системот е подготвен да одговори и да ги прифати лицата кои останале без работа и на тој начин да обезбеди основна егзистенција за нив. Со сервисите за поддршка на ранливи групи, преку програмата општинско корисна работа и УНДП, во 27 општини се вклучуваат околу 200 невработени лица како испорачувачи на услугите за над 1.500 крајни корисници. За зајакнување на најранливите семејства, започнато е вклучување во општинско корисна работа на околу 50 корисници на ГМП (добра производна пракса) во вкупно 10 општини, за што им се плаќа надоместок“, изјави вицепремиерката Мила Царовска, на редовната координација со преставници на граѓанските организации : „Гласен текстилец“, Хелсиншки комитет, ХЕРА, Платформата за борба против сиромаштија, Мрежата против насилство врз жените и УНДП.

XS
SM
MD
LG