Достапни линкови

Заврши скринингот во Дебар и Жупа, 35 позитивни на Ковид-19


Илустрација - Болницата во Дебар, април 2020 година.

Општинските штабови на општините Дебар и Центар Жупа, каде што беа регистрирани првите болни од kоронавирус во земјава, соопштија дека заврши скринингот на населението што го организираше Mинистерството за здраство, а реализирано од 17 матични лекари, јави дописникот на РСЕ од Дебар.

Според дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, од вкупно 2342 тестирани лица во двете општини, кај 35 лица резултатот бил позитивен. Во Центар Жупа, како што соопшти претставникот на општинскиот штаб, Фехми Скендер, биле тестирани 205 лица и само еден бил позитивен.

Здраствените служби информираат дека од 35-те позитивните тестови во Дебар, 18 се на лица кои биле болни од Коронавирус и 17 на нивни блиски во семејствата, но кои немале информации дека биле болни. Според матичните лекари кои го спровеле скринингот, тестирањето успешно и целосно завршено за една недела.

XS
SM
MD
LG